Денес во библиотеката „Браќа Миладиновци“ Радовиш се одржа седмата по ред хуманитарна акција „Божиќна трпеза“ под покровителство на
градоначалникот на општина Радовиш г-нот Герасим Конзулов, а во организација на
„Женска акција“ Радовиш и Студиото за модерен балет
„Газели“ и нашата соработничка
Теодора Костовска од Уметност на живеење.
Основната цел на оваа акција е да се мобилизира духот на заедништво, толеранција, грижа не само за себе и сопствената егзистенција, туку и да се разбуди желбата за грижа кон другите, потребата за делење и подарување во духот на престојните Божиќни празници.
Градоначалникот на општина Радовиш истакна дека општина Радовиш се залага и ќе се залага и во иднина да им помага на социјално загрозените граѓани и ја поздрави оваа акција која и лично ја помогна. Со свое кратко излагање за значењето на хуманоста и хуманитарниот карактер на оваа акција, пред присутните се обрати и Претседателот на Советот на општина Радовиш г-н Коле Чаракчиев.
Во рамките на акцијата која започна со прибирање на прехрамбени производи и финансии се вклучија голем број фирми
кои донираа дел од своите производи или финансиски средства за нашата помош да биде достоинствена како и голем број на хумани граѓани.
Во акцијата се вклучија и голем број на верници,кои со своите скромни прилози придонесоа оваа акција да се реализира, а социјално ранливите категории достојно да го пречекаат големиот христијански празник – Божиќ.