09.12.2015 | Работилница „Женското движење во Република Македонија“

Во организација на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и Платформата за родова еднаквост на 09 декември, 2015 година со почеток во 12:30 часот во Сити Парк Хотел, Скопје се одржа работилница на тема  „Женското движење во Република Македонија“. Во присуство на  голем број претставници  од организациите членки на Националната мрежа и Платформата  се дискутираше за досегашните активности, како и идните планови во насока на договарање на заедничко делување.
Работилницата се оджа во рамки на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жени“, која е дел од активностите на проектот „Застапување за обезбедување оддржливост на специјализирани сервиси за жртви на семејно насилство“ поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество.
Во рамките на кампањата на 10 декември се одржа Конференцијата „Насилството врз жените - Дел од агендата на политичките партии во Република Македонија.“
На двата настана од Женска акција Радовиш учествуваше Ивана Захариева, долгогодишен и активен волонтер.

Галерија