На 2-ри и 3-ти септември 2015 година во во просториите на Конгресниот центар на Скопскиот саем во Скопје се одржа завршната конференција на проектот Мрежа за поддршка на млади претприемачи (YES Network), со наслов „Најдобри пракси и вмрежување“.
На настанот беа поканети да земат учество организации и институции кои работат на полето на младинско претприемништво, невладини организации, владини институции и претставници на локалната самоуправа, стопански комори, претставници од академскиот и бизнис сектор, претприемачи, студенти и други млади луѓе. За време на дводневната конференција координаторот на проектот Златко Јанкулов ги презентираше резултатите од проектот „Предизвици и можности на руралната жена„ кој беше имплементиран од страна на Организација на жени Конечанка и Женска акција Радовиш. Учесниците на конференцијата имаа можност да учествуваат во дискусии со претставници на локалните власти, владините институции, како и други релевантни стеикхолдери на тема активни мерки за поддршка на младинското претприемништво.