18.11.2014 | Работна конференција

Во организација на Македонското женско лоби и Институтот „Евро- Балкан“, на 18.11.2014 во Александар Палас во Скопје се одржа Работна конференцијата на тема „Проценка на резултатите и предизвиците од менторската програма за јакнење на жените во локалната самоуправа“ 
Оваа конференција е интегрален дел на проектот „Ние сме жени лидерки и двигателки на промени во наштите заедници“, кој има за цел да придонесе за поголемо учество на жените во политиката и на местата од кои се донесуваат одлуки.
Во изминатиот период тимови од менторирани, ментори/ки, советници/чки работеа во 21 општина на 22 родово-сензитивни акции кои веќе се во фаза на изведба и даваат првични резултати.

повеќе ..... http://mzl.org.mk/en/

Галерија