Трибина на тема: „Учеството на руралната жена во локалниот економски развој“

Денес во просториите на Локалниот креативен центар NEXUS во рамките на проектот Дигитални вештини – Предизвици и можности за жените се одржа Трибина на тема: „Учеството на руралната жена во локалниот економски развој“. Претседателката на „Женска акција“ Иванка Соколова го претстави проектот и постигнатите резултати при што се осврна на потребата од креирање на локални политики со кои би се надминал дигиталниот јаз помеѓу жените и мажите. Исто така истакна дека тоа би можело да ја подобри положбата на жените на пазарот на трудот и нивно полесно адаптирање и порамноправен пристап на пазарните услови кои ги диктира дигиталната ера и бара целосна трансформација на општеството. Организирањето на оваа Трибина се должи на потребата од подигање на свеста на локалните власти за промена на активните политики за родова еднаквост и креирање на овозможуачка околина која ќе отвори нови можности за економски развој и зајакнување на жените во целокупниот процес на дигитализација. Една од препораките на Трибината беше дека треба да се инвестира повеќе во развој на дигиталните вештини кај жените со цел да фатат чекор со новите дигитални трендови. 
На Трибината на учесниците на обуките им беа доделени дипломи за посетени обуки за ИТ вештини и Дигитален маркетинг
Проектот „Дигитални вештини –предизвици и можности за жените“ се имплементира со поддршка на „СМАРТ Балкан - Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“, регионален проект имплементиран од Centar za promociju civilnog drustva (CPCD), Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институт за демократија и медијација (ИДМ) и финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка (НМНР).
 

Галерија