ПРОЕКТ „ Дигитални вештини - предизвици и можности за жените“

Во периодот мај 2023 – јануари 2023 „Женска акција“ Радовиш го спроведува проектот „Дигитални вештини –предизвици и можности за жените“ кој има за цел да ги мотивира жените од општина Радовиш и Конче во подобрување на нивните дигитални вештини преку користење на компјутерите и интернетот со цел подобро да ги препознаат можностите што ги нуди ИТ технологијата имајќи во предвид дека тое е важен сегмент и во професионалниот и во секојдневниот живот.
Специфична цел
Охрабрување, поддршка и едукација на жените за користење на ИТ технологијата за  надминување на  нееднаквиот пристап во користењето на ИТ со цел надминување на родовиот дигитален јаз.
Специфични цели:  
Цел 1. Зголемување на свеста и разбирање на локалните власти за влијанието на дигиталните вештини на личен и професионален развој на жените, особено на жените од руралните средини.
Цел 2. Подобрување на дигитални вештини на жени преку ИТ обуки
Цел 3. Подобрување на вештините на жени за користење на дигитален маркетинг за промоција на сопствени производи или бизнис
Очекувани резултати
Резултат 1. Подигната свест на локалните власти за влијанието на дигиталните вештини во личниот и професионален развој на жените и превземање на локални политики за надминување на родовиот дигитален јаз
Резултат 2. По спроведувањето на проектот најмалку 30 жени, на возраст од 18-50 години ќе можат да ги користат компјутерите како алатка за основните потреби.  Исто така тие ќе бидат во можност да ја користат ИТ технологијата за различни особено за вработување и самовработување.
Резултат 3. Зајакнати капацитети на жените за промоција на сопствените производи и бизнис преку користење на е-маркетинг
Проектот „Дигитални вештини –предизвици и можности за жените“ се имплементира со поддршка на „СМАРТ Балкан - Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“, регионален проект имплементиран од Centar za promociju civilnog drustva (CPCD), Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институт за демократија и медијација (ИДМ) и финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка (НМНР).