Асоцијација за унапредување на статусот на жената во Македонија „Женска акција“ Радовиш објавува повик за обучувачи за 2 (две) обуки во рамките на проектот:
„Дигитални вештини – Предизвици и можности за жените“.
Теми и цели на обуките
Предвидено е да се реализираат две обуки на следните теми:
1. Основни ИТ вештини
Целта на обуката за основни ИТ вештини е да ги зајакне капацитетите на жени и млади девојки од двете општини Радовиш и Конче, фокусирајќи се на следните елементи: Microsoft office (word и excel) и користење на интернет.
2. Дигитален маркетинг
Целта на обуката е да се зајакнат капацитети на жените за промоција на сопствените производи и бизнис преку користење на е-маркетинг.
За двете обуки, методологијата на работа треба да биде комбинација на теоретско излагање и интерактивно вклучување со практична примена на вежби за време на сесиите. Пред почетокот на обуките од обучувачите е предвидено да спроведат кратка проценка на знаењето за утврдување на конкретните подтеми кои ќе бидат опфатени во секоја од обуките.
3. Активности што треба да се спроведат
Во соработка со Женска акција, должностите и одговорностите на обучувачите се следните:
- Проценка на знаењето на учесничките за наведените теми за обука и утврдување на конкретни подтеми кои ќе бидат покриени со обуката;
- Подготовка на материјал за обуките
- Подготовка на агенда за учесниците;
- Спроведување на обуката;
- Извештај по спроведувањето на обуката.
4. Испораки/резултати
До крајот на задачата, треба да се испорачаат две обуки, една за ИТ вештини и една за дигитален маркетинг.
5. Времетраење и временски распоред на задачата
Обуките се планира да се одржат во период август- декември 2023 година во Радовиш во Центарот за поддршка на жени на територијата на општините Радовиш и Конче. Точното време на одржување на обуката ќе бидат дополнително договорени со избраните обучувачи.
6. Вредност на задачата
- За реализирање на обуката за ИТ вештини се предвидени 3 месеци (по еден месец за група, односно 16 часа месечно за секоја група), 5 дена за подготовка на материјали, 3 месеци за реализација на обуката, 1 дена за поднесување на извештај од сработеното.
- За реализирање на обуката за дигитален маркетинг предвиден е период од 3 месеци (по 5 дена од месец за група) (предвидени се 3 групи по 10 учеснички), 5 дена за подготовка на материјали, 3 месеци за реализација на обуката, 1 дена за поднесување на извештај од сработеното.
За секоја обука е предвидено да има по еден обучувач. Понудата е делива, и обучувачите треба да потенцираат за која обука се пријавуваат.
7. Критериуми кои треба да ги исполнуваат обучувачите
· Да има завршено високо образование и стекната диплома во соодветната област;
· Да има најмалку 10 години професионално искуство;
- Да има најмалку 5 години професионално искуство во спроведување обуки;
- Да има спроведено најмалку три обуки на темата за која се пријавува;
- Да поседува развиени комуникациски, презентациски и фацилитаторски вештини.
Избраните обучувачи постојано ќе комуницираат со координаторот на проектот и ќе ги следат упатствата и забелешките на програмскиот тим.
8. Постапка за изразување на интерес
Со цел да се пријавите за обучувач/ка треба да ги испратите следните документи:
- Професионална биографија;
- Писмо за изразување на интерес, во кое е наведено за која обука се пријавувате заедно со финансиската понуда изразена во бруто сума во денари;
Рокот за пријавување и поднесување на документите е до 31 јули (понеделник) 2023 на следната меил адреса: zenska.akcija@gmail.com или директно во канцеларијата на Женска акција секој ден од 09 до 16 часот на ул. 22 Октомври бб (во зградата на поранешниот Електротехнички факултет).
Проектот
„Дигитални вештини – Предизвици и можности за жените“ е имплементира со поддршка на „СМАРТ Балкан - Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“ регионален проект имплементиран од Centar za promociju civilnog drustva (CPCD) од Босна и Херцеговина, Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) од С. Македонија и Институт за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија, финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка