Историјат

Женска акција е Асоцијација за унапредување на статусот на жените во современите општествени процеси во Македонија. Основана е на  15.07.2005 година со цел создавање на поволни услови за организиран пристап  и постојана  општествена активност на жените во Радовиш и пошироко, обезбедување на  соодветна  застапеност  на жената во сите сфери на  јавниот и политичкиот живот  во државата, следење, спроведување  и применување на меѓународни конвенции и декларации за заштита на жената и нејзините права, решавање на проблеми поврзани со жената, афирмирање на културата  на живеење на жената  и семејството, социјална и здравствена едукација на жената, толеранција и коегзистенција на меѓуетнички односи, поттикнување и вклучување  на жените во хуманитарни, мировни и граѓански иницијативи и соработка со невладини женски  организации на меѓународен план и со други здруженија.
 

  •  Декада за живот без предрасуди, финансиска поддршка  ФИИОМ и Светска банка во партнерство со ХЗГ „ Кудрет “ - Радовиш

  • Напредна Обука за жени членки во НВО за користење на ИКТ технологија - подржана од Метаморфозис

  • Стоп на насилството врз жените,  - Локална самоуправа  и сопствено учество

  • Јавно застапување и лобирање - ИСППИ

  • Изготвување на ВЕБ страна  - Метаморфозис   ( проектот е во тек)

  • (работилници и Трибини  на различни теми) постигнати се огромни резултати  кои  придонесуваа за јакнење на капацитетите на жените

  • Менторска организација во проектот „Младите во борба против социјалната исклученост“  подржан од ФИООМ и Светска банка , 2007

  • Креативни умови создаваат можности за работа, поддржан од ЕИФЛ (Electronic Information for Library,2010-2011

  • Живот без насилство е мојата иднина, финансиран од Американска амбасада , Скопје, 2011

  • Мултимедијален едукативен центар  Март 2012-  Декември 2012

За нас